Смртта е деликатна тема и ретко кој сака да разматра и со неа да полемизира. У својот живот неколку пати сум ја погледнал кучката луда во нејзиниот ладен поглед, во нејзините долги и тенки дланки кои пробале да ме дофатат а јас за влакно сум и побегнал од несудениот стискавац. Сум се тумбал со кола, сум излетал као палачинка низ шофершајбна, наместо кај Алексеј Дума, ме однесоа на очна клиника кај син му Кристијан. Која курата среќа. Му се смеев на докторот у лице и му викав: А замисли да ме пратеа кај татко ти на обдукција!? 3 промили алкохол во крвта, адреналин напукан до коска, лице крваво и флерт до пичонката ренгенолог која пробуваше да ми ја центрира глаата пијана пред Ренген рафалот. -Убава си срцка, од твојот сексипил се отрезнив….. Ме погледна малку чудно а јас и реков:-Не е од ударот…ваков бев и пред да се сјебам…
Лежев у тоа геријатриско стадо со стампедо ќорави старци! Утредента на собата окачив бел лист со натпис: ОДЕЛЕНИЕ НА САМОИЛОВИТЕ ВОЈНИЦИ. Ми дојде пичката од Холандија на посета сред ноќ у 3…Фатила будалата авион од Милано за Скопје, улета као Параноја у мојата соба, ја фатив за рака, го потпрев столчето на вратата, ја навалив на креветот и и го начукав без предигра…Сабајлето дремев а мислата дека никој не ме видел ми ја прекина еден од старите вампири што лежеа со мене:УБАВО ПАРЧЕ НАТЕГНА ВНУЧКООО….Ах бе дедо…Ти ни слеп ни глув, си викам..Поприлично будала. Гарант имаше побегнато од жена му, пошто коа идеше на посетите ја забележав колку одвратно и злобно суштество е. На тие години и јас би фатил џаде да лежам у некоја болница од таква наказа.
Ако некад умрам млад у животов, тоа сигурно ќе биде или од сида, или од сообраќајка, куршум или од бригада на ИСИЛ која на мене ќе тренира касапски методи. Имам тетовирано крст на рамото, крстоносец на грбот и Библија на градите… Нека почнат од каде сакаат. Ќе им треба многу напор да го избришат сведоштвото на моето Христијанство. Моето пакосно Христијанство. Правев лоши работи а никогаш лошо не сум му посакал на човек. Тоа е за да има што да јадат гомна луѓето. На крај пак ќе речат:АБЕ ДОБАР ЧОЕК БЕШЕ…Што и да речеат, нивната вистина се множи со лепешка и нула. Нека се напијат една за покојникот, ранетиот… За тоа се дојдени, пизда ли им материна…
Можам да ја замислам само онаа свита на курави која срамежливо ќе дојде да ми остави цвеќе до болничкиот кревет. Такви накази се што пијани ќе улетаат у натре. Ќе се облечат у максимален сексипил, со кратки панталони и сукњи, со разголени деколтеа и црвени кармини на устите. Неколку мачки со бемки на образите и фризови ко Одри Хепберн. Знам дека ќе дојдат. Освен тоа што им го земав телото им земав дел од нивата душа а дел од мојата оставав кај нив. Неверојатни судари…Некој можеби и рече нешто добро за мене. На крај краева се едно.
Иам еден другар, вечито пијана будала, никад ненаситен од пичка, хоштаплер кој живее у Орман..Он знае каква сорта сме ние и каков наслов би заслужил ако се скрасам на некоја книга. ЖЕНА МЕ УБИ…Да да…Секакви ќе дојдат на промоцијата, но само една ќе биде вистинската. Е таа ќе ја познаам низ задимената просторија и ќе посакам да и ја допрам раката за последен пат…Пошто таа жена искрено љуби нели…А кого??? Мене скапаниот перверзник…Човек со љубов за 1000 души а човек без љубов за ни една душа…Фајрон дечки…..Ја идам да поделам уште едно милион бакнежи по светов. Алергичен сум на грди фоки и студени прегратки…
НАПИША: БУЛЕВАРКО