Смртта е непроверена гласина – Емир Кустурица

Смртта е непроверена гласина е дневник составен од седумнаесет поглавја и исто толку автентични, провокативни и неверојатни приказни во кои Кустурица ги разголува своите размислувања, стравувања, радости, грижи, љубов, непризнавање, триумфи, пријателства, политики, дилеми…се што му се случувало, од детето кое поаѓа на училиште па до денес.

knigaВо овој дневник што го дава на увид на целата јавност кажува дека е син на Сенка и Мурат Кустурица, дека филмски татко му е Федерико Фелини, а литературен Иво Андриќ.

Ништо не е фикција, во оваа книга: вистински се настаните, вистински се личностите, вистински и прецизни се политичките збиднувања, причините за војната во Босна, кој, каде, зошто и кому му припаѓал и што правел, а со вистински имиња се и неговите пријатели од Сараево.

Буквално провокативно. И има вкус на шампањско: пивливо, со меурчиња и брзо те опива. Ете тоа е!

 

Емир Кустурица е култно име кога ќе се спомне филм. Но, Емир Кустурица, автор на книга, и тоа биографска, тоа е веќе интригантно.

- Реклама -