СМО: Во 2023 година забележано глобално затоплување од 1,4 степени и рекордни температури

Еден месец пред крајот на 2023 година, веќе е познато дека оваа година ќе достигне глобално затоплување од 1,4 степени споредено со прединдустрискиот период, што ќе предизвика „заглушувачка какафонија“ и рекордни температури, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

„Живееме и поминуваме низ климатски колапс во реално време“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на отворањето на самитот КОП28 во Дубаи, пренесе „Гардијан“.

Гутереш говореше на презентацијата на климатскиот извештај на Светската метеоролошка организација , во кој беше речено дека 2023 година е најтоплата година досега, потопла од 2016 година, кога температурата беше за 1,2 степени повисока во однос на прединдустрискиот период.

МИА

- Реклама -