Смит: Украина нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Вашингтон

Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијана Смит денеска изјави дека не очекува на Самитот на Алијансата, што треба да се одржи во Вашингтон во јули, Украина да добие покана за членство.

– Што се однесува до состанокот ова лето, не очекувам Алијансата да упати покана под овие околности, нагласи Смит.

Украина јасно стави до знаење дека нејзината цел е да стане членка на НАТО. Киев и некои од неговите сојузници во Алијансата, особено во Источна Европа, се залагаат за покана за членство, иако Украина не може да стане членка на Северноатлантската алијанса додека е во војна.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина
- Реклама -