Кога организаторите на фестивалот „All You Can Paint“ ја контактирале Марина Зуми за да им се придружи, таа не била сигурна дали тоа ќе е правилната одлука. Меѓутоа, откако ја погледнала зградата за која и била дадена задача да ја обои, веднаш го прифатила предизвикот.
Големиот број на прозорци уште на самиот почеток и задавал многу маки, но, наскоро се сетила на изгледот на прекрасното саќе изградено од вредните пчели, кое отсекогаш ја фасцинирало. Овој процес претставувал главна инспирација при менувањето на изгледот на старата и здодевна зграда.
Зуми си претставила паралела на начинот на функционирање на пчелите, и работата на луѓето од „All You Can Paint“ организацијата, па симболично нацртала и 11 пчели на зградата, за секој нејзин член.
Крајниот резултат е навистина неверојатен.