Телевизијата е најдобра бејбиситерка!Сите кои што сме пораснале со неа го знаеме тоа. Во денешно време телевизијата, барем кај нас, ја заменија компјутерите, барем што се однесува до љубителите на филмови и популарни телевизикси серии.
Ако се пронајдовте, ова е за вас:
1. „Сезоните” за вас имаат различно значење отколку за повеќето луѓе.
2. Пријателите ви живеат за летото, но вие го мразите, бидејќи тогаш не излегуваат нови епизоди од вашите омилени серии.
3. Зимските празници се возбудливи за вас, но не заради моментите со семејството, туку затоа што цел месец гледате божиќни филмови.
4. Наградите Еми се Оскари за вас.
5. Се сметате за најголем маратонец.
6. Се вознемирувате дека сите проблеми во животот не се решаваат за 22 минути + рекламите.
Првата вистинска љубов ви била измислен лик.
8. Ова беа вашите почетоци.
9. Ве иритира, кога луѓето нарекуваат серии како „Рим”, „Спартак” и „Зина” историски неточни, бидејќи тотално сте навлегле во ликовите и дејствијата, предводени од почетното „Базирано на историски настани“.
10.Во главата имате глас кој ви го раскажува животот.
11. Убедени сте дека Twitter е измислен за да си пишувате за вашите омилени серии.
13. Повеќе од еднаш сте одложувале планови со вистинските пријатели заради ТВ пријатели, бидејќи приоритетите ви се под влијание од сериите.
14. Навикнати сте да ручате пред телевизорот или компјутерот, па затоа веќе ви е невозможно да почнете да јадете пред да ја пуштите идеалната серија.
15. Најголемите трагедии во животот ви се предвреме откажани серии.
16. Понекогаш со болка се сеќавате како како кога сте биле мали, ви забранувале да гледате телевизија. Тоа е повреда која ќе ви остане за цел живот.
Си мислите дека живеете во некоја серија, па почнувате да се однесувате како вашиот омилен лик.
Не можете да си замислите животот без телевизија, бидејќи телевизијата е живот.