Сменете го фонтот за да заштедите

arial-century-gothicЕве еден едноставен начин како да заштедите на мастило за печатење – сменете го фонтот на документите кои ги печатите. Бидејќи на различните фонтови потребна им е различна количина на мастило за печатење, ќе купувате кертриџи поретко ако пишувате со, да речеме,  Century Gothic наместо со Arial.

Кога Printer.com ги тестираше популарните фонтови во однос на тоа колку мастило се троши при нивното печатење, Century Gothic и Times New Roman се покажаа како најекономични фонтови и се најдоа на врвот од топ листата. После нив следат  Calibri, Verdana, Arial, Sans Serif Trebuchet, Tahoma и Franklin Gothic Medium. За печатење текст со Century Gothic се користи за 30% помалку мастило, отколку со Arial.

Количината на мастило зависи од дебелината на линиите кои се користат во фонтот. Фонтовите со “narrow” или “light” во нивното име се вообичаено подобри од оние “bold” или “black”, според Том Браун, истражувач во компанијата Hewlett-Packard Co. Исто така, serif фонтовите  – оние кои имаат хоризонтални линии на врвот и долниот дел на карактерите – имаат потенки линии, а со тоа трошат и помалку мастило, наспроти “sans serif” фонтовите.
[Here’s a legal way to print money: change the font]

- Реклама -