Сменет банерот „северномакедонска кујна“ на саемот во Берлин

Поправена техничката грешка со рекламниот банер „северномакедонскакујна“ поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин и поставен е нов, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Од Министерството велат дека првичниот банер бил предлог на компанијата „Кадино“, која дизајнот го пратила до организаторот на саемот. Притоа, направена е техничка грешка при преводот, за што МЗШВ веднаш реагираше и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер.

„Веќе се работи на покренување постапка за утврдување одговорност кај лицата од Министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот“.

Од МЗШВ велат дека македонскиот штанд, бил еден од најпосетените на саемот, а дневно се делени по над 300 пити бурек и останати пецива, прфенесува Бриф.мк.

- Реклама -