Смеете да ги тепате жените, ама по малку

pakis

Пакистанскиот Совет за исламска идеологија неодамна поднесе предлог закон кој се однесува на конфликтите помеѓу сопружници. Според предлогот до кој се докачи пакистанскиот Express-Tribune и кој беше потврден од Washington Post:

„На сопругот треба да му биде дозволено благо да ја тепа неговата жена ако таа не ги почитува неговите команди и одбива да се облече по негова желба; ако одбива барање за сексуален однос без било каков религиозен изговор или не се бања по однос или менструален циклус“.

Предлогот на СИИ е поднесен откако неодамна беше одобрен закон кој на жените им гарантира заштита од насилните мажи. Законот е изгласан во Пунџаб – најнаселената провинција во Пакистан.

Советот, кој ги базира своите препоракина Шеријатското право, исто така предлага и легализација на домашното насилство ако жената „интерактува со непознати; зборува доволно гласно што можат да ја чујат непознати; или им обезбедува финансиска поддршка на трети лица без знаење и одобрување на сопругот“, пишува Express-Tribune.

council[1]Со оглед на тоа што Пакистан е исламска република и Советот е создаден со цел да ги советува законодавачите по однос на тоа дали некој закон е „неисламски“, предлогот делува уште пострашно. Членовите на советот дури и ги обвинија легислаторите кои не ги почитуваат нивните препораки за богохулење, нешто што во Пакистан е казниво со смрт.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Сепак, активистите на терен се скептични дека предлогот ќе биде прифатен.

„Предлогот го покажува декадентниот мајндсет на некои елементи кои се дел од Советот“, вели Фарзана Бари – активист за човекови права. „Таквиот предлог нема ништо заедничко со Исламот и само би ѝ донел лоша репутација на оваа земја“.

Бари во многу нешта е во право: предлог-законите како овој го прикажуваат Пакистан како објективно назаден, но земјата всушност е понапредна од некои други исламски држави. На пример, во 1988-та, претседател на Пакистан стана Беназир Буто – со што Пакистан стана првата земја со муслиманско мнозинство што поставила жена за претседател на државата.

Дополнително, во Пакистан не постојат официјални рестрикции за тоа што жените смеат да носат во јавност, ниту пак е вистина дека на жените им е забрането да возат. Сепак, за волја на вистината, овие слободи во најголем дел ги уживаат жените од урбаните области, не и тие во руралните.

За Бари, целосното распуштање на Советот за исламска идеологија, еднаш-засекогаш, е првиот и главен чекор со кој ќе се стави крај на таквите назадни предлози.

- Реклама -