Смартфон и оружје во едно (видео)

Американската компанија Yellow Jacket влегува во историјата како прва компанија која направи куќиште за iPhone кое што во себе има електрошокер.

Шокерот може да „онеспособи агресивен возрасен маж“, тврди компанијата. Исто така, има батерија која може да ја продолжи работата на телефонот за 20 часа.

Овој изум се продава под паролата: „Зголемете ја безбедноста, продолжете го животот на батеријата и донесете мир на вашиот дух“.

Моментно е достапен само за iPhone 4S и чини 139,99 долари, но би требало да се појави и за iPhone 5 до крајот на годината. Се нарачува само преку Интернет.

Сет Фрум кој го смислил овој уред, минатата година начекал вооружен крадец во својата куќа.

Куќиштата се достапни во црна, бела, златна и розова боја.

http://vimeo.com/loupetheorystudios/yellowjacketcase

 

- Реклама -