Службеното возило на Бујар Османи поминува на црвено (ВИДЕО)

Сè додека за функционерите важат посебни закони, не треба да сме изненадени ако семафорот на ЕУ за земјава продолжи да свети црвено. Додуша, за нашиве лидери тоа баш и не е проблем, навикнати се на црвено да го поминуваат (народот).

Во конректниов случај, се работи за службеното возило на вицепремиерот за европски прашања – Бујар Османи. Новинарот Фуркан Салиу објави видео на кое се гледа како возилото поминува на црвено, а притоа вози и по „островот“. „Кога си со службено возило законите не важат за тебе. Нели Бујар?“, пишува тој.

Твитерџиите, како што и се очекува од нив, веднаш нaпaднaa со креативни критики:

„Ајде по примерот на Павле сега оставка… хахахахаха, мора да се насмееме малце“

„Брза у ЕУ“

Ако се утврди негова одговорност ќе си поднесе оставка“

„Он камионот го вози алоо“…

… се само дел од коментарите.

 

- Реклама -