Благодарение на интернетот и музичката техника, денес имаме извонредна можност да слушнеме работи од кои не делат години и километри.
Или звуци, кои никој не би сакал да ги слушне во живо.
1. Првиот запис на човечки глас
Тоа е француската песна “Au Clair De La Lune”, снимена во 1860 година со помош на уред наречен „фоноавтограф“. Тој ги истакнува звучните флуктуации на хартија, но доволно прецизно за да можат денес да бидат репродуцирани во нивната оригинална форма.
2. Земјотрес
Брановите, создадени во кората од земјотресот може да бидат пресретнати од научна апаратура и предадени како звук. Овој запис е од трагичниот земјотрес во Јапонија во 2011 година.
3. Мистериозен звук во океанот
Една од многуте технички иновации од времето на Студената војна е хидрофонот. Користен првично за разузнавање, а потоа за истражување на океанот, овој апарат снимил звуци, кои остануваат нејасни во историјата. Кршење на замрзнатите блокови или гигантско морско животно се дел од хипотезата, но ниту една од нив не е докажана.
4. УВБ-76
Руската радиостаница, зрачи на кратки бранови. Од 1982 година 24 часа на ден на фреквенцијата 4625kHz звучи монотоно зуење, прекинувано во ретки случаи од кратки пораки на руски. Нејзината намена останува непозната.
5. Атомска бомба
Сигурно никој не сака да го слушне во жово овој звук. Но во ерата на нуклеарните обиди ниту еден аспект од експлозијата не останал незапишан: овој запис е од подводна детонација спроведена од САД во Тихиот Океан.