Случајот „Рекет“: Маѓарски гулаш, ајвар „Мамас“ или нешто помеѓу?

Ни собраниската расправа за новите предлози за министри не помина без меѓупартиски пpeпyкувања за случајот „Рекет“.

За пратеникот од НСДП – Горан Мисовски, разликата во споредба со времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е евидентна; Тој го пофали премиерот Зоран Заев дека го пријавил случајот „Рекет“ во Обвинителството – нешто што, според него, било незамисливо во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

За случајот „Рекет“ и обвинувањата од страна на опозицијата за вмешаност на власта, Мисовски порача дека аферата му личи на „маѓарски гулаш подготвен со домашни производи од Белата палата која чини 60 милиони евра“, алудирајќи дека конците ги влече Никола Груевски кој е во азил во Унгарија. Притоа Мисовски ја советуваше опозицијата да биде внимателна и да му даде шанса на Обвинителството.

Имаа што да вратат и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски, реплицираше дека нему аферата „повеќе му личи на ајвар од типот на ‘Мамас’“:

„Тешко е да се каже што состојки има внатре, толку е тешко што не можат нашите технолози од Обвинителство да откријат, па мораше странски технолози од Италија, експерти за тестенини да интервенираат за да дознаеме што се случува“, рече тој.

- Реклама -