Словенија го запре воведувањето на 5Г технологија, поради „лeгитимна загриженocт околу штeтноста“

Словенечката влада го запре воведувањето на 5Г технологијата. На предлог на министерот за администрација – Руди Медвед, од дневен ред тргната е стратегијата на регулаторната агенција AKOS (Агенција за комуникациски мрежи и услуги) за распределување на фреквенцискиот спектар за 5Г.

Медвед одлуката ја образложи во изјава за словенечките медиуми, порачувајќи дека „прашањата за штетноста на 5Г технологиите се легитимни“.

Словенија е првата земја во светот која со Устав ја заштити водата како човечко право и јавно добро, со тоа осигурувајќи дека нејзините извори на питка вода, како иден можеби најважен стратешки ресурс, ќе останат нaциoнално добро. Со одложувањето на расправата за одобрување на фреквенцискиот спектар за 5Г додека понатамошно не се истражат ефектите од тие технологии на луѓето и животната средина, направен е уште еден чекор напред во заштитата на здравјето на луѓето и зачувување на природата, пишуваат словенечките медиуми.

Во средината на февруари, и Швајцарија го одложи воведувањето на 5Г мрежата на неопределено долго време, иако Швајцарија досега изгради над 2.000 антени за унапредување на мрежата кон 5Г технологии и сите швајцарски оператори цела година на своите корисници им ветуваа целосна 5Г покриеност.

Одлуката беше донесена по барање на швајцарската Агенција за животна средина (BAFU), делумно поради силното анти-5Г лоби во Швајцарија и протестите во Берн, Цирих и Женева, но и поради „непостоење на било каков стандард никаде во светот“, односно непостоење на универзален критериум за импактот и зрачењето од 5Г мрежата, како што заклучува BAFU, која се заложи самата да продолжи со темелно истражување на изложеноста од 5Г антените, по можност во оперативни услови во реалниот свет. За тоа ќе биде потребно време, порачаа од Агенцијата.

Операторите во Швајцарија, од своја страна, реагираа дека имаат разбирање за загриженоста околу новата технологија. Сепак, истакнуваат дека „нема докази дека зрачењето од антените во пропишаните граници влијае на човечкото здравје“, но и дека регулаторните граници во Швајцарија се „10 пати построги од препорачаните од Светската здравствена организација (СЗО) за местата каде луѓето поминуваат подолги временски периоди“ (повеќе ТУКА).

- Реклама -