Словенија го прогласи брзиот интернет за универзално право; Ќе мора да го има секаде и за сите

Секое село во Словенија ќе добие право на приклучок на широкопојасен интернет со минимална брзина на пренос од 10 Mbit/секунда, објави словенечката државна Агенција за телекомуникациски услуги. Правото ќе почне да се применува од крајот на јуни годинава.

Во суштина се работи за тоа дека правото на приклучок на брз интернет за прв пат се воведува во листата на „универзални“ комуникациски услуги кои мораат да бидат достапни за сите крајни корисници. Со тоа правото на брз интернет влегува во пакетот на права на основни телекомуникациски услуги, како што се правото на приклучување на фиксна телефонска мрежа или правотот на телефонска говорница во секоја населба. Со други зборови, секаде во Словенија ќе МОРА да има интернет.

Се проценува дека во Словенија сé уште има околу 4.600 домаќинства (од 2.06 милиони жители) кои во моментов не можат да добијат пристап до широкопојасен интернет. Со новите измени, не само што тој проблем ќе мора да биде решен, туку Словенија станува шестата држава во Европа која го воведува брзиот интернет како универзално право.

- Реклама -