Слон рекетира возачи

elephant-crossing_ppЕден слон во источна Индија им го блокира патот на возачите и не ги
пушта да поминат се' додека не му дадат храна. Животното
стои на автопатот во источноиндиската држава Ориса, присилувајќи го
возачите да излезат од автомобилите, пишува „Хиндусијан тајмс“.


elephant-crossingЕден слон во источна Индија им го блокира патот на возачите и не ги пушта да поминат се' додека не му дадат храна. Животното стои на автопатот во источноиндиската држава Ориса, присилувајќи го возачите да излезат од автомобилите, пишува „Хиндусијан тајмс“.

– Слонот ја става сурлата во возилото и мириса каква било храна. Ако носите зеленчук или банани во автомобилот, тој ќе ги земе и ќе ви дозволи да заминете – вели Парбот Моханту, кој веќе два пати „се судрил“ со слонот.

Ако пак возачот одбие да го спушти прозорецот или да ја отвори вратата од автомобилот, слонот си стои пред возилото додека не му биде дозволена рутинската инспекција. Надлежните велат дека слонот е престар, па затоа бара полесен начин да дојде до храна.

Слоновите се загрозен и заштитен вид животни во Индија, во која има речиси половина од вкупниот број од 60.000 слонови во Азија.

виа.

- Реклама -