Слон го скрши прозорецот на комбе полно со луѓе, за да пребара дали имаат храна (ВИДЕО)

Касуна Баснајаке и неговото семејство, кои инаку живеат во Перт, Австралија, биле нападнати од слон додека се возеле со комбе низ националниот парк Јала за време на својот одмор во Шри Ланка.

Видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, покажува како слонот од густата шума ненадејно истрчува на патот и веднаш трча кон комбето полно со луѓе. Возачот, кој го запира возилото кога слонот се испречува пред автомобилот, сега се обидува да се врати во рикверц, но слонот со забот го крши прозорецот и, како што може да се види, со сурлата пребарува низ возилото.

Касун, за Би-Би-Си, го опиша настанот.

„Почна да ни шмрка околу нозете барајќи храна. Возачот ни рече да му дадеме сè што имаме, па го нахранив со остатоците од сендвичот на мојот син. Тој ми рече да го фрлам остатокот низ прозорецот, така и направив, а возачот потоа успеа да побегне. Тие сендвичи и чипс веројатно ни го спасија животот”, се сеќава Касун.

- Реклама -