Слики и видео од новиот Nexus 7

Сите информации се насочени кон претставувањето на следната генерација на таблетот Nexus 7, кој и според претходните гласини се тврдеше дека ќе биде објавен при крајот на месец јули.

Денес, на интернет се појавија слики и видео од таблетот што значи дека неговото официјално претставување навистина ќе се случи наскоро.

nexus7-2-8a

На сликите може да се види таблетот на ASUS кој има 7 инчи и LCD дисплеј, две камери и тоа една од 5МР и друга од 1.2МР. Најверојатно, уредот доаѓа со процесор на Qualcomm APQ8064 Snapdragon S4 Pro, според претходните детали.

nexus-7-2-1

Исто така, Nexus 7 II ќе има одлична RAM меморија од 4GB, како и различни модели со капацитетот на внатрешната меморија. Се очекува наредната недела да бидат претставени верзиите од 16GB и 32GB, а на таблетот да има оперативен систем Android 4.3.

nexus-7-sequel-price

Цените на различните модели може да бидат повисоки од претходниот модел, односно 229 долари за 16GB и 269 долари за 32GB.

Погледнете го видеото од втората генерација на Nexus 7:

[youtube]http://youtu.be/HXrcUyCVA6c[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -