Сликарка се омажи за мост

Љубовта може да се појави во многу   необични форми, но колку тоа  важи и за австралиски сликарка, која се омажила за 600-годишен француски мост. Џоди Роуз била толку многу восхитена  од структурите што одлучила да помине под венец  со  мост во градот  Серена, кој се наоѓа во Јужна Франција.

Дамата на таканаречениот  „Ѓаволски мост“  поминала  десет години во патување по светот. Роуз сфатила  дека станува збор за љубов на прв поглед кога го почувствувала  мостот од 14 век и со секој нареден чекор останувала вчудоневидена, па било само прашање на време пред да станат мост и сопруга. Среќната двојка се венчавала  на 17 јуни и покрај тоа што не се работи за вообичаен брак, венчавката вклучувала  многу елементи од традиционалната свадба.

Церемонијата се одржа во тесен круг со 14 гости, меѓу кои  блиски лични пријатели и членови на локалната заедница. Дури градоначалникот на соседниот град Сен-Жан-де-Фо дал благослов. Изборот на место бил очигледен, па  двојката ги разменила  брачните заклетви на влезот на младоженецот.

Роуз била облечена во традиционална   венчаница со превез и нарачала прстени за себе и за мостот.

„Ѓаволскиот мост е сè што можам да посакам од еден другар – тврд, чесен, сензуален, нежен и убав”, изјави Роуз. Нивниот брак не е правно признат во Франција, но сликарката тврди дека тој е толку силен, колку и секој друг.

most_francia2

Таа сепак е категорична дека тоа е симболична љубов и е дел од гледиштето  за светот, кој гледа „духовна вибрација во сè”.

 

- Реклама -