Старлетата Сораја Вучелиќ му послужила како инспирација на младиот уметник Срџан Симиќ, кој успеал да ја нацрта оваа атрактивна девојка сосема гола.Инаку, овој цртеж бил изложен во галеријата „Singidinum“, а наводно успеал да стигне и до неколку светски галерии.
„Драго ми е што сум инспирација за толку прекрасна уметност. Секојдневно ми пристигнуваат во инбокс пораки и песни кои луѓето ги пишувале за мене. Од едно девојче добив прекрасни цртежи. Такви нешта ми го разубавуваат денот“, изјавила Сораја.