Сликањето со светлина стана доста популарен фотографски тренд во последно време, но не се работи за нова идеја.
Најраните познати примери за сликање со светлина потекнуваат од 1914 година и во текот на годините многу фотографи ја практикувале оваа техника, вклучувајќи го и Пабло Пикасо во 1949 година.
Уште еден уметник која ја користел техниката пред неколку децении бил Американецот Ерик Сталер. Во седумдесетите Сталер талкал по улиците на Њујорк со 35 милиметарска Nikon SLR камера и божиќни светилки и жижалици. Надреалната уметност создадена со светлина е подобра од денешните обиди направени со модерните дигитални камери.