Томи Едисон е неверојатна личност. Роден слеп, тој успева да води успешен и исполнет живот како филмски критичар, добивајќи национално внимание за неговите рецензии за филмови како Water for Elephants.
Успешното рецензирање на филмови за некои е и во доменот за слепи лица, но Едисон, исто така, е и верен корисник на Instagram.
Под неговиот универзален прекар, blindfilmcritic, Едисон успеа да собере речиси 2.500 пријатели на сервисот за споделување фотографии, снимајќи слики кои често прават да се чувствуваме лошо. Користејќи ги предностите на својот iPhone, тој е во можност да фотографира, да ги уредува фотографиите и да ги сподели искуствата со светот.
Најдобриот дел е тоа што иако Томи не може да ги види фотографиите кои ги прави, на овој начин и самиот успева да ги доживее. Со тоа што неговиот iPhone му ги чита коментарите што му ги оставаат пријателите, тој добива одредена слика за работата што ја создава. [Tommy Edison: Instagrammer, Film Critic, and Blind Since Birth]
[youtube]P1e7ZCKQfMA[/youtube]