Наскоро историјата на седумте кралства ќе се раскажува во нов трилер.
Третата сезона од популарната серија „Game of Thrones“ на екраните ќе се појави на 31 март, годинава. Серијата која ја одушеви публиката е создадена според романите „A Song of Ice and Fire” на Џорџ Р.Р. Мартин кој неодамна за јавноста изјави дека сценаријата за екранизацијата на третиот роман биле изгубени.
Приказната во „Game of Thrones“ е епска фантастика која како категорија се сместува во поджанрот на научната фантастика заради измислените светови и заплетите кои се базираат пред се на магија и натприродни елементи.
[youtube]http://youtu.be/1iTg20x7w2s[/youtube]