Следниот Ford Focus ќе биде поширок и подолг

Ford започна со тестови на следната генерација Focus, а во моментов од компанијата користат како испитни  изведби, купе верзии од сеуште актуелниот модел.

popup_150_Ford-1000-1[1]

Она што може да се долови од тестирањата и според извори од компанијата, веќе сега станува јасно дека димензиите на возило ќе нараснат, што секако е позитивен потег за Focus. Еден од ретките минуси на сегашниот модел е недоволното место за нозе кај патниците позади. Со оглед на фактот дека Focus беше обновен релативно неодамна, можеме да претпоставиме дека производителот ќе ја одложи премиерата на новиот модел за барем уште една година. Најсмелите прогнози се за деби во есента следната година, а почеток на продажбата пред крајот на 2017.

551_Ford-470-2[1]

Од она што уште се дознава е дека освен конкретни дизајнерски промени се очекува пакет на врвни технолошки достигнувања кои се потврдија во моделите од повисоките класи на Синиот овал.

Автоплус

- Реклама -