За прв пат на интернет просторот се појавуваат гласини за следната генерација на BMW 1. Според најавите возилото ќе се базира на платформата UKL1, која предвидува преден погон. Истата база се користи и за актуелната генерација MINI, како и кај BMW 2 Active Tourer.Новиот модел од Серија 1 ќе се нуди во верзии со пет и три врати, како и како седан. Не се исклучени верзии кабриолет и купе. Во која и да е модификација, Серија 1 ќе има подолго меѓуоскино растојание и пространа внатрешност. За постигнување на помала тежина Баварците ќе користат многу алуминиум.
Меѓу палетата на мотори ќе можат да се најдат 3 и 4-цилиндерски мотори, а на врвот ќе стои 2.0-литарски турбо кај верзијата М. Моќта таму ќе надминува 300 КЅ.