Следната година Албанија ќе испрати сателити во орбитата, вели Рама

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1″ и „Албанија2″ во орбитата.

Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата но тој продолжи игнорирајќи ги.

„Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите ‘Албанија’ во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2“, рекол Рама без да наведе повеќе детали, пренесува АБЦ њуз.

Со тоа, додава истиот извор, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Меѓу 10-те главни земји кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија. Се смета дека има околу 7.941 сателити, поголемиот дел им припаѓаат на САД, наведува телевизијата.

МИА

- Реклама -