Од појавата на BMW 4 Convertible до денес изминаа околу две години, но блогови посветени на германската марка веќе понудија првични информации во врска со следната генерација на моделот.
Според гласините, Баварците, размислуваат да го заменат тврдиот покрив на сегашниот модел. На негово место ќе биде поставен покрив од ткаенина, кој тежи доста помалку и остава многу повеќе слободен простор во багажникот. До појавата на предметниот модел има доста време, бидејќи во 2017 година BMW 4 Convertible секако ќе помине низ дотерување, а дури во 2021 новиот автомобил ќе биде целосно подготвен.
Технологијата на покривот ќе се користи и кај спортскиот автомобил кој Германците го развиваат заедно со Toyota.