Мај е месецот во кој претстојат најмногу можности да се избега од секојдневието, земајќи ги во предвид неработните денови што нè очекуваат.
Годинава Први мај се падна во петок и го добивме посакуваниот продолжен викенд.
Уште еден продолжен викенд нè очекува кон крајот на мај. Имено, празникот „Свети Кирил и Методиј“ се паѓа во недела, па затоа утредента (понеделник) ќе биде неработен за сите граѓани на земјава.
По три дена работа, православните граѓани добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај – Духовден.
Уживајте во празниците и одморете се добро.