Славниот актер Вини Џонс и неговата сопруга заболеле од рак на кожа

Холивудскиот актер Вини Џонс oбјави дека веќе долго време болeдува од рак на кожа, а со истата болест се бори и неговата сопруга.Откако славниот актер Хју Џекмен објави фотографија на Инстаграм и ја призна својата болест, истото го направи и Вини Џонс.

48 годишната ѕвезда во бројни филмови изјави дека се бори против рак на кожата со сите можни средства.  Џонс цели дека бил шокиран кога медицинските лица му кажале дека се работи за меланома – болест која годишно во Велика Британија „зема“ ококлу две илјади животи.

 

Неговата прва реакција било прашањето уште колку време му преостанува.

1

„ Ракот е најлошиот збор кој можете да го слушнете. Во текот на фудбалерската кариера имав седум лоши повреди од кои долго време заздравував, но ова е една од најстрашните“, вели Џонс.

Израстокот под десното око му е отстранет, како и уште неколкуте кои му се појавиле под телото. Моментално мора да оди на редовни контроли.

Она што во овој случај дополнително потресува е тоа што и неговата сопруга има неколку израстоци по телото. Лекарите сметаат дека нејзниот меланом е последица на лековите кои ги земала пред трансплатацијата на срцето, пред 26 години.

Џонс од друга страна, пак, е излечен алкохоличар  кој е трезен последните осум месеци. За својата болест актерот го обвинува неуредниот живот кој го започнал откако се преселил во Лос Анџелес, со цел да изгради филмска кариера.

 

- Реклама -