Славни жени кои не очекуваат верност од своите партнери: „Не е природно“

Меѓу познатите жени од светот на филмот и музиката има и такви кои отворено признаваат дека не веруваат во моногамија. За нив моногамијата не е природна состојба, а одредени аспекти од врската им се далеку поважни од верноста на партнерот. Неверноста за нив не би била крај на светот.

Моника Белучи

„Можете да чувствувате страст кон најлошиот маж кој некогаш сте го запознале, но тоа нема врска со длабоко партнерство. Во таквиот однос страста преживува, но поважно е почитувањето, сознанието дека мажот ти е предан, но не нужно во сексуална смисла, туку дека е секогаш тука за тебе. Тоа е поважно од самата верност“, вели во една прилика незаменливата Белучи.

„Би било смешно да се очекува верност од него ако ме нема два месеца. Не можете да го испрашувате со кој бил и што правел. Многу е пореално и почесно да се очекува дека ќе биде со мене тогаш кога сум јас со него“, изјави актерката во периодот додека беше во брак со актерот Винсент Касел.

Скарлет Јохансон

Идејата на бракот е многу романтична и убава и таа во пракса може да биде прекрасно нешто, но јас не мислам дека е природно да се биде моногамна личност. Можеби поради тоа некој ќе ме нападне, но сметам дека моногамијата е тешка работа. Фактот што толку многу луѓе се мачат со неа докажува дека таа не е природна. Моногамијата е нешто што го почитувам и нешто во што сум учествувала, но верувам дека таа е во спротивност со нашиот инстинкт секогаш да бараме нешто друго“.

Џејда Пинкет Смит

„Верувам дека мојот сопруг е маж со интегритет. Ја има сета слобода на овој свет и сé додека тој самиот може да се погледне во огледало и да биде ок сам со себе, тогаш и јас немам проблем. Морате да ѝ верувате на личноста со која сте во врска. На крајот од денот, јас не сум ничиј чувар. Не сум негов чувар. Тој е возрасен човек. Ние сите гледаме низ перспектива од која не го избегнуваме она што е природно. Други луѓе ќе ни бидат привлечни. Во своите венчални завети не сме рекле дека ќе ги отфрлиме сите други луѓе“, изјави пред извесно време сопругата на актерот Вил Смит.

Ема Томпсон

„Моногамијата е чудна состојба, особено за жени. Мислам дека сме заробени во одредени идеи и романтични идеали кои веќе некое време ги обликуваат нашите идеи и размисли за врските. Јас често размислувам за алтернативи и за тоа дали нашето лутење, бес и недоверба поради неверство се реалистични“.

Доли Партон

„Моногамијата е една од најпреценетите вредности. Моногамијата е монотонија“, изјави еднаш кантри ѕвездата која е повеќе од 50 години во отворен брак со Карл Томас Дин.

 

- Реклама -