Славни личности со ментални растројства

montageСлавните се секогаш под лупа, па секое нивно однесување изгледа многу полошо одошто навистина е. Со сиот тој притисок, не е за изненадување ако тие лесно се „скршат“ или доколку добијат нервен слом доколку читаат сè што таблоидите пишуваат за нив, меѓутоа понекогаш не е баш јасно дали проблемите на некоја од ѕвездите е типичен „синдром на ѕвезда“ или некое подлабоко, посериозно психичко растројство.


Славните се секогаш под лупа, па секое нивно однесување изгледа многу полошо одошто навистина е. Со сиот тој притисок, не е за изненадување ако тие лесно се „скршат“ или доколку добијат нервен слом доколку читаат сè што таблоидите пишуваат за нив, меѓутоа понекогаш не е баш јасно дали проблемите на некоја од ѕвездите е типичен „синдром на ѕвезда“ или некое подлабоко, посериозно психичко растројство.

Бритни Спирс
brit

Првата личност која ни паѓа на памет кога помислуваме на славна личност со психички проблеми е дефинитивно поранешната поп принцеза Бритни Спирс. Иако Бритни никогаш не била официјално дијагностицирана со биполоарно растројство, шизофренија или депресија, постојат многу шпекулации во врска со справувањето со некоја од овие психички болести како од страна на јавноста, така и од нејзините пријатели. Таблоидите секогаш ќе бидат таблоиди, но нешто е очигледно погрешно кога сопствените пријатели или семејството кои се во директна интеракција со индивидуата се убедени во недијагностицираниот проблем. Поле нервниот слом во 2008, Бритни ја избричи главата и беше во институција на проценка на нејзиното ментало здравје. Нејзиното бизарно и непромислено однесување резултираше со губење на старателството врз децата, а според судската пресуда таа мора да биде надгледувана од својот татко. Нејзините ексцеси вклучуваат напад врз папараци со чадор, носење чудни перики и зборување на различни случајни акценти, загрозување на безбедноста на децата на многу начини и стриптиз во јавност.

Жан Клод ван Дам
jean_claude_van_damme_04

На Жан Клод Ван Дам му беше дијагностицирано биполарно растројство во 1997, после краткотрајната рехабилитација од зависност од кокаин кога сфати дека неговата кариера оди по надолна линија. Рамислувајќи за самоубиство, актерот побара професионална помош, неговата дијагноза резултираше со препишување на содиум валпроате, лек кој Ван Дам го нарекува „едноставна сол“. Раната кариера со Ван Дам беше исполнета со карате тренинзи, без кои, вели тој, ќе западнел во тешка депресија.

Хали Бери
halle-berry-sexy-lingerie-photo2

Хали Бери јавно призна дека планирала да изврши самоубиство после разводот со бејзбол ѕвездата Дејвид Џастис, но се сопрела  кога „си ја замислила сликата како нејзината мајка ја наоѓа“. Бери рече дека нејзината самодоверба била толу мала што пробала да се задуши себеси со карбон моноксид во гаражата во нејзината куќа. Нејзината бурна врска со Џастис не беше единствената што влијаеше негативно врз нејзината психичка состојба – Бери вели дека таа била на брачно советување со нејзиниот сопруг после само една година од бракот. Пејачот Ерик Бенет имал сериозни проблеми со изневерувањето, а Бери тврди дека таа „ги ставала неговите потреби поред своите“ наместо да го напушти како што требало да направи. Иако сега Бери е во малку помирна врска со моделот Габриел Одри, таа тврди дека „никогаш, никогаш повеќе нема да се омажи.“

Мерлин Монро
marilyn-monroe002

Како ќерка на ментално болна вдовица, Мерлин Монро немала убаво детство. Таа била нападната и одвај избегнала сексуална злоупотреба на шестгодишна возраст. Екстремно интелигентната Монро не оставила незјиното тешко детство да и биде пречка за таа да стане една од најуспешните и, историски гледано, најважните славни личности на сите времиња. На врвот на нејзиниот успех, Монро почнала да злоупотребува пилули за спиење и алкохол. Нејзината работна етика се влошуваше напоредно со нејзиното здравје, особено откако доживеа неколку спонтани абортуси во 60-тите. Разводот, смртта на блискиот пријател, бурните врски и падот на кариерата – сето тоа допринесе за уште поголема депресија. Монро била испратена во институција за проверка на нејзиното ментално здравје од каде била пуштена за многу кратко време, но никогаш не му се врати на снимањето филмови. Таа беше најдена покрај две празни шишенца од пилули за спиење само два месеци подоцна.

Били Џоел
billy-joel

Обновената слава на пејачот Били Џоел не беше доволна за да го извади од депресијата и тој проба да се самоубие пиејќи средство за чистење мебел бидејќи „му изгледало повкусно отколку да пие варикина“. Исто така алкохоличар, Џоел постојано оди и се враќа од рехабилитација заради зависноста поради која имаше тешки здравствени проблеми на неколку наврати.

Принцезата Дајана
princess-diana-1

Принцезата Дајана се бореше со булимија речиси цела декада. Нејзините проблеми започнаа кога таблоидите го искритикуваа нејзиниот изгед. Изборот на Дајана да ослабе брзо, брзо излезе од контрола и ја остави убавата принцеза немоќна да ги контролира нејзините самодеструктивни навики за јадење. После нејзината смрт, беа објавени снимки во кои Дајана зборува не само за нејзината борба со булимијата, туку и повеќекратните обиди за самоубиство и депресија.

Хит Леџер
heath-ledger1

Згодниот актер Хит Леџер почина со трагична смрт кога се предозираше за време на снимањето на филмот Темниот витез. Леџер страдаше од депресија, анксиозност, и, како резултат на овие две, несоница. Постојат шпекулации за тоа дали смртта беше самоубиство или несреќен случај, но повеќето ја гледаат како трагична несреќа. Проблемите на Леџер наводно биле предизвикани од стресната и тешка улога на негативецот Џокер. Претходниот Џокер, актерот Џек Николсон, дури рече и дека го предупредил Лаџер, но подоцна тврдеше дека предупредувањето се однесувале на лекот Амбиен. Самиот Леџер, сепак, призна дека улогата била исцрпувачка и физички и емоционално, заради што не можел да спие повеќе од два часа навечер.

Мајк Тајсон
mike_tyson_wall_2005_1280

Во 2005 боксерската легенда Мајк Тајсон рече за себеси „Никогаш нема да бидам среќен. Верувам дека ќе умрам сам. Би сакал тоа да биде така. Цел мој живот бев сам со моите тајни и мојата болка. Навистина се чувствувам изгубен, но се трудам да се најдам себеси. Јас сум еден навистина тажен, патетичен случај.“ Еднаш поразениот шампион во тешка категорија, Тајсон, се бореше со депресијата и несигурноста уште од детството. Дури и сега, спомнувајќи си на тешкото детство му надоаѓаат солзи на очите обидувајќи се да ја загуши заканата насочена кон секој кој би можел да има некаква намера да го повреди. После смртта на неговиот тренер и ментор кариерата на Тајсон трпеше заради депресијата и оттргнатоста од неговиот омилен спорт. Тајсон е познат по својот лош темперамент, познат е по тоа што знае апсолутно да  ја изгуби контролата во јавност и дури и ситница да го доведе до бесно викање.

Доналд Трамп
2_donald_trump

Магнатот Доналд Трамп има и други проблеми освен неговата смешна фризура – тој е апсолутно преплашен од бактерии. Трамп одбива да се ракува и да притисне копче во лифт. Тој вели: „Ќе направам се што е во моја моќ да не се ракувам со учители. Тие имаат 17.000 бактерии на инч квадратен на нивното биро. Тоа е за десет пати повеќе од бактериите на кои се изложени оние со други професии. Таму едноставно врие од бактерии.“ Трамп не е официјално дијагностициран со некаква болест, но знаците на екстремна чистота дефинитивно зборуваат сами за себе.

Анџелина Џоли
angelina-jolie

Анџелина Џоли, денес позната актерка и хуманитарка, порано била непресметлива готик тинејџерка која имала обичај да се сече себеси за време на нападите од депресија. Таа сè уште е по малку откачена, и како што се зборува, има имагинарен пријател со кој има ноќни разговори за она што ја мачи во текот на денот. Телохранителот на Џоли изјави дека нејзините чести неконтролирани испади и невозможни барања се само шминка зад која стои егоцентрична и психотична жена, и појде толку далеку што ја обвини за психичка злоупотреба. Нејзиниот татко зборуваше за нејзината депресија, иако Џоли во тоа време не беше во добри односи со него од повеќе причини.

Кортни Лав
courtney

Не е баш најјасно дали Кортни Лов е тотално изгубена или ментално болна или двете. Нејзините бесмислени испади често ги полнат страниците на таблоидите, а нејзиното непромислено однесување им предизвика проблеми на многумина. Од предизвикување пожар заради невнимание во нејзиниот омилен хотел во Лондон, до бесмислени и тотално погрешно напишани твитови за правни постапки и за тоа колку ја мрази Лили Ален, Лав никогаш не пропушта прилика да направи сцена. Таа често беше присутна на анонимни средби на луѓе со проблеми со прејадување и шопахолици, се бореше со зависноста од дроги и го изгуби старателството над нејзиното дете после обвинувањата за запоставување и злоупотреба.

Дејвид Боуви
davidbowie

Рок ѕвездата Дејвид Боуви има семејна историја на ментални растројства – неговите три тетки страдаа од различни ментални болести. Едната беше дијагностицирана со депресија, другата со шизофренија, а на третата и беше извршена лоботомија заради „слабите нерви“. Братот на Боуви изврши самоубиство лежејќи на железничка пруга откако избега од ментална институција. За Боуви се вели дека има чести испади во кои плаче неконтролирано, но дека одбива да оди на психијатар заради стравот од тоа што ќе го открие за себе.

- Реклама -