Славната убавица сингл – не и е лесно да си пронајде маж

Славната манекенка, по разводот гордо го носи статусот  ‘single’.

Миранда Кер за InStyle Australia призна дека ужива во животот.

„ Да сама сум и уживам“, изјави славната убавица и додаде дека ни најмалку не и е лесно да пронајде маж поради товарот кој го носи нејзиното славно име.

m1

„ Морам да признаам дека ми е подеднакво тешко да отидам на состанок, поради тоа што сум славна, но и поради тоа што имам дете. Не сакам никој да има контакт со мојот син Флин, додека тоа не стане сериозна врска. Морам да внимавам моите врски да не влијаат на неговиот развој“, објаснува Миранда.

m2

Американските медиуми славната убавица, ја поврзаа со бројни познати мажи.

„ Научив дека комуникацијата е клуч на се. Најважно е да се биде искрен и да се разговара за своите емоции. Во ред е да имаме лош ден. Во сите свои минати врски јас сакав да бидам таа која што е силна и независна, но сега знам дека е во ред да признаам дека ми треба помош и дека не можам се да правам сама. Тоа е клуч за здравата врска“, заклучува Миранда.

m4

- Реклама -