41-годишната Камерон Дијаз, објави на Инстаграм фотографија на која позира без ниту грам шминка. Сепак, задоволството и гордоста на нејзиниот лик се очигледно присутни, а причина за тоа е објавувањето на нејзината книга The Body Book.
Не е никаква тајна дека Камерон Дијаз е вистински претставник на здравиот начин на живот, кој и помогна да има тело и свеж изглед каков што немаат ниту многу помлади девојки од неа. Во нејзината книга таа ги споделува тајните за нејзината совршена фигура, и им порача на фановите дека со задоволство би сакала да ги сподели со нив.
Очигледно дека Камерон нема никаков проблем со брчките кои надоаѓаат со текот на годините, а и зошто да би се грижела кога има прекрасни сини очи и ведар лик на кој повеќето се восхитуваат?