Славјето на шестиот гол на Барса предизвикало земјотрес

Фановите на Барселона буквално ја размрдаа земјата околу Ноу Камп кога Серхи Роберто го даде историскиот гол за 6-1 против ПСЖ.

Нивното славје е регистрирано на сеизмографот во мерната станица на Геолошкиот институт Jaume Almera, лоциран на околу 500 метри од стадионот на Барса. И вториот и третиот гол ја размрдале иглата при отчитувањата, но при победничкиот гол бил измерен цел 1 степен по Рихтер. Според сите параметри, славјето предизвикало микро-земјотрес.

Потресот не е доволно силен за да биде почувствуван од луѓето, но Жорди Дијаз – истражувач од институтот, вели дека тоа е најголемиот земјотрес од ваков тип некогаш регистриран од институтот.

 

 

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи
- Реклама -