Српската пејачка и познатиот голман се запознале преку заеднички пријател и по само едно гледање таа ги спакувала куферите и заминала кај него во Италија.
Како што пишува српски Telegraf, пејачката Славица Ќуктераш неодамна се запознала со голманот Влада Аврамов и по 15 денови во врска двојката решила да се сврши. Славица пред да го запознае Влада беше во четиригодишна врска, но сфатила дека љубовта исчезнала.
По раскинувањето, утеха нашла во голманот со кој се запознала преку заеднички пријател и тоа било љубов на прв поглед. 34-годишниот голман бранеше за Фиорентина, а моментно е дел од клубот Каљари.
Славица по една средба веднаш ги спакувала куферите и заминала кај него во Италија.
„Точно е дека се свршивме со Владо и тоа е се што би рекла на таа тема. Никогаш не сум зборувала за мојот приватен живот, и така ќе остане“, рекла Славица.