Тригодишната Мила е девојчето кое се здоби со популарност на Интернет поради својата реакција кога дознава дека нејзиниот омилен пејач Адам Левин ќе се жени.
Слаткото девојче во емисијата на американската комичарка и водителка Елен Денџенерис зборува за емоциите што ги чувствува спрема славниот пејач, но и за плановите кои ги има за во иднина.
Таа окри дека немала прилика да го запознае Адам ниту да разговара со него, но има намера да се омажи за него кога ќе наполни 7 години.
Иако до мажачка ќе треба да почека, Мила во емисилата доби прилика да се запознае со нејзиниот Адам, и да добие ружа од него.