Слатко писмо од 9-годишно девојче до геј наставникот

Една 9-годишна ученичка ги освои срцата на Интернет со нејзината реакција откако професорот соопштил дека е геј.

На часот по училишно насилство и хомофобија во едно британско училиште, откако повеќето од учениците признале дека го слушнале зборот „геј“ во негативна конотација и дека мислат дека хомосексуалците и лезбејките се лоши луѓе, или на некој начин „расипани“, професорот признал пред одделението дека и самиот тој е хомосексуалец. Се разбира, претходно разговарал и добил дозвола од претпоставената, а се со цел децата да разберат дека геј може да биде и омилениот нивни професор и дека тоа не значи дека некој човек е помалку вреден или лош.

Веста прилично добро поминала во класот. но она што е највпечатливо од настанот е писмото што една од ученичките тајно му го подметнала во џебот, неколку дена по признанието.

„Драг г-н Р.

И покрај тоа што си геј, јас секогаш ќе те третирам на истиот начин како и до сега. Се уште мислам за тебе исто како и претходно. Ти си супер наставник и ова се само некои од зборовите со кои би те опишала: супер, фантастичен, брилијантен, закон и храбар. Причината што велам храбар е затоа што сподели лична тајна, што е многу храбро. Не треба да се чувствуваш исплашено бидејќи знам дека сите во класот се чувствуваат како и јас.

Од А. <3 “

Наставникот очигледно бил трогнат од постапката. „Додека го читав писмото ми се насолзија очите. Кога ја сретнав и и се заблагодарив, таа само ги крена рамениците и рече: „Сеедно, твој живот си е“, а потоа се врати на задачите по математика“.

Колку закон девојче, зар не?

MrR[1]

- Реклама -