„Слатки“ диети

Кој би рекол дека диетите можат да бидат и вкусни, а притоа да заборавите на здравите навики?! Сепак колку и да е тоа така, ние не би ви  препорачале да ги практикувате поради тоа   што не вклучуваат  здрава исхрана и витамини кои го одржуваат телото витално, а тоа е нешто кое што е од суштинско значење. 

1. Чоколадна диета

pralinen mit kaffeebohnen,schokolade und zimt

 

Ова е една од најспецифичните диети на светот. Предвидена е за љубителите  на чоколадото, кои се подготвени поради истото  да се откажат од сите други производи. Во оваа диета ќе треба да се храните само со горчливо природно чоколадо – тоа не е многу калорично, но пак содржи еден куп корисни материи – на пример антиоксиданси, флавоноиди, калциум, протеини, железо, магнезиум и витамини.

Позитивни страни: недостаток на силно чувство за глад, организмот не страда од недостиг на шеќери и се радува на нешто навистина вкусно.

Минус: Не се препорачува да се подложите на  диетата повеќе од 4 дена, ако имате проблеми со црниот дроб.

Мени: Дневно  јадете не повеќе од 100 гр црна (не бела или млечна) чоколада. Три часа после јадењето можете да испиете кафе без шеќер, комбинирано со обезмастено млеко. Диетата се препорачува од  5-7 дена, за кои би требало да намалите  околу 7 килограми.

2. Бонбони диета

Candies at la Boqueria Market in Barcelona

Алпинистите веќе одамна забележале дека цицање бонбони е одлична можност да  се поттисне гладта. Подоцна бонбоните  почнале да се користат  како средство за слабеење.

Мени: Сè е многу едноставно – за целиот ден треба да изедете едно пакетче витоминизирани бонбони, какви што се продаваат во секоја аптека. Ако треба да ја намалите  телесната тежина брзо (околу 5 килограми неделно), не јадете ништо, освен овие бонбони. Ако, пак, целите да симнете  2-3 кг. месечно , заменете ги бонбоните со вечера.

- Реклама -