Вредно работете и јадете сланина. Ова е советот за долговечност на Перл Кантрел, жителка на Тексас која неодамна го прославила својот 105. роденден.
„Сакам сланина и ја јадам секој ден. И мора да биде препечена“, постојано вели Кантрел, пренесува американската телевизиска мрежа NBC.
Членовите на семејството се одушевени од виталноста на Кантлер. Велат дека на прославата на нејзиниот роденден танцувала, до пред две години возела автомобил, а дека и денеска оди без бастун.
Нејзината внука Ванеса Џоунс рекла дека лекарите никогаш не ја советувале баба ѝ да не јаде сланина, како и тоа дека никој во семејството не е изненаден кога Перл вели дека во сланината гледа дел од изворот за нејзината долговечност.
Оваа бабичка има осум деца од кои 5 се живи.