Граѓаните кои живеат на Рузвелтова во близина на Агенцијата за вработување пријатно ги изненади големата зелена површина која никна пред згардите.
Во период кога воздухот во Скопје, градењето и сечењето на дрвјата станаа главни проблематики секојдневно подлежни на анализи, вакви фотографии успеваат да не израдуваат.
Затоа, апелираме вакви паркчиња да бидат дел од проектите, и тоа со голем акцент, не само во Скопје, туку ширум цела Македонија.
Зеленилото е неопходно за луѓето, тоа ни помага да бидеме здрави, среќни и да ја негуваме природата која безусловно не чува нас.
Има еден глупав виц „Си бил еден човек заборавил да диши и умрел“ или можеби и не е толку глупав?