Сладолед што смеат да го јадат само возрасни, само со писмена изјава

„Respire Del Diavolo“ или во превод: „Ѓаволов здив“. Се работи за „најопасниот сладолед на светот“, наменет само за бестрашните авантуристи кои сакаат да докажат „дека се вистински мажи“.

Овој сладолед не е од чоколадо, ванила или некое фино слатко овошје. Овој е од лути чили пиперки со јачина од 1.569.300 сковили (мерка за лутина), што значи дека е 500 пати полут од табаско сос. За споредба, таа бројка се смета за средна лутина на до скоро најлутата пиперка во светот – Carolina Reaper. Кај најлутата индивидуална пиперка од овој вид се измерени 2.2 милиони сковили.

Сладоледот е дело на Мартин Бандони – сопственик на слаткарата Aldwych Cafe во Глазгов, Шкотска, а за да го пробате мора да поминете „процедура“. Со оглед дека консумацијата на толку луто може да предизвика низа здравствени последици, трајни оштетувања, па и смрт, тие што сакаат да го пробаат сладоледот мораат да бидат полнолетни и претходно да потпишат изјава со која го ослободуваат угостителот од одговорност за можните последици.

https://www.facebook.com/uniladmag/videos/4448113108545047/

Рецептот, патем, доаѓа од Италија, уште од 1936 година, и е добро чувана традиционална тајна, вели Бандони. Во Италија постои место наречено Ѓаволов Мост, каде италијанските семејства што произведувале сладолед се сретнувале еднаш годишно и дискутирале како им поминала годината. На овие средби имало своевиден ритуал – мажите што сакале да покажат храброст го јаделе овој сладолед. „Ѓаволовиот здив“ доаѓа токму од името на местото.

Традицијата трае и се одржува и ден денес, а Мартин сметал дека во Шкотска може да се покаже како вистински хит (Шкотланѓаните обично сакаат луто). Интересот за сладоледот ќе се испитува и за Денот на вљубените, но според виденото досега, нема дилема дека го има. Веќе замислуваме групи од пијани Шкоти како се јачаат кој повеќе ќе изеде. Плус, луѓе од цела Велика Британија веќе почнаа да одат во Глазгов специјално за да го пробаат.

А еве и некои што го пробаа:

 

- Реклама -