Време е за сладолед. Зошто да не за сладолед од путер од кикирики?
Состојки: 175мл слатка павлака или хопла, 1 јајце, 1 кафена лажичка екстракт од ванила, 1 супена лажица шеќер, 2 супени лажици путер од кикирики
Подготовка: Изматете ги сите состојки додека смесата не стане густа. Ставете ја во сад и оставете ја да отстои во фрижидер.
Погледнете го видеото на кое е прикажана подготовката на рецептот