Сладок прилепски зелник

Состојки
500 гр брашно плус за посоп1/3 коцка квасец
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
2-3 лажици зејтин
250 мл млака вода
1 кгр сварена, исчистена и исцедена тиква
1 лажиче цимет
2 јајца
2-3 лажици шеќер
50 гр маргарин за попрскување
50 гр масло масло за попрскување
1/2 коцка маргарин за премачкување на коричките
1 јајце за во тестото

Подготовка

Се замесува тесто од 500 гр брашно (потребно е плус за посип) една третина коцка квасец, пола лажиче сол, пола лажиче шеќер, едно јајце, 2-3 лажици зејтин и 250 мл млака вода. Се дели тестото на 16 топчиња и секое се расукува во мала коричка. Се премачкуваат со маргарин и едно врз друго се редат 8 кори-најгорната не се премачкува.

Од купчето со 8 кори се сучи голема кора која се става во подмачкан плех и на неа се става фил од 1 кгр. сварена исчистена и исцедена тиква, во која има додадено 3 лажици шеќер, едно лажиче цимет и 2 јајца.
Од другите 8 кори се сучи исто голема кора, се става врз филот, се набира во средината, се прават витки на краевите и целиот зелник се попрскува со мрсотијата од 50 гр. Маргарин растопен и 50 гр масло.
Се печи на 180 степени, додека не зарумени.
Истото тесто може да се прави и со фил од праз, спанаќ. Сирење…
Мојата мајка е мајстор за зелници, ги меси за 10 минути како од шала, но и јас сум добар ученик.
пријатен апетит и уживајте.

plus

 

plus1

- Реклама -