Овој продолжен викенд искористете го за да им зготвите нешто слатко на вашите најдраги. Доколку немате идеја што да биде тоа, ние во продолжение ви прикажуваме 10 едноставни и брзи рецепти, кои ќе ви ја потполнат агендата за десерти за целиот месец. Најдоброто е што ги селектиравме само оние чија подготовка не бара многу вештина, па ќе може да си ги приготват дури и оние кои не се чувствуваат самоуверено во кујната.
Мирисот на рум секогаш асоцира на топлина во домот сред зимските денови, како и на божиќни колачиња. А, кога ќе се стави во комбинација со чоколада и мелени лешници, знаете дека ве очекува слатка идила која ќе ви го разубави денот. Обојте го викендот со овие едноставни рум кугли, кои со сигурност ќе ви се допаднат.
Аромата на кафе и крцкавата текстура на оваа едноставна торта ќе ве освојат од прва. Доколку сакате да освоите некое момче, или пак да се извините на некоја пријателка, ова е совршениот рецепт поради кој никој нема да може да ве одбие.
Од овие колачи или барови кои се прават без печење ќе станете потполно зависни, а можете да ги направите за помалку од 10 минути… Тие, исто така, се одлични за ужина каде и да сте.
Оваа прекрасна торта која се приготвува особено брзо, е идеално решение за оние домаќинки кои сакаат да подготват нешто незаборавно, без притоа да изгубат премногу време.
5. Енергетски коцки од само три состојки
Енергетски коцки, кои освен што се прават од само три состојки (не сметајќи ја солта), се подготвуваат за само неколку минути. Најдоброто од се е што освен што се премногу вкусни, тие се и навистина здрави и даваат енергија. Одличен начин да го започнете вашето утро.
Како што кажува и самото нивно име, тие се приготвуваат навистина брзо и лесно, а освен што се едноставни се и неверојатно вкусни. Пенливата текстура ќе ве освои од прва.
7. Неодоливи штангли со вкус на кикирики
Вкусот на путерот од кикирики за многумина е неодолив, тој е одлична состојка за разни колачи, а ова е една вкусна и брза варијанта на штанглици во кои путерот ја има главната улога.
Уште на самиот старт комбинацијата од кикирики, чоколада и крем, гарантираа полн погодок проследен со уживање.
9. Колачиња од чоколадо и путер од кикирики
Путер од кикирики и чоколадо е секогаш совршена комбинација, но приготвени на начинот на кој ви го прикажуваме подолу, претставува вистинско „комбо“!
10. Освежителни бомбици со вкус на портокал
Навистина е важно да се внимава на добрата линија, но, понекогаш, консумирањето на одредени неодоливи слатки е навистина тешко да се избегне. За среќа, рецептот за овие бомбици кој ви го претставуваме во продолжение и не е толку „страшно“ калоричен, па со само неколку вежби дневно ќе успеете да го стопите изеденото количество колачиња. А вкусот… Вистински сладок грев!
Уживајте!