Според последните истражувања, црниот бибер, со помош на состојката пиперин може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.
Биберот е зачин на кој инаку се препишуваат многу позитивни карактеристики, кои се познати векови наназад. Тој бил користен како средство против колера и други гастро-интестинални заболувања, а исто така, редовно се користел и при интензивни дијареи и давал одлични резултати.
Сè уште не се направени доволно истражувања за да се докаже како пиперинот кој се наоѓа во биберот делува во нашето тело. Но, според последното истражување спроведено во Јужна Кореја, пиперинот прави пречка на гените одговорни за синтетизирање нови масни клетки, при што ја спречува гојазноста.
Воедно, корејските научници кои го воделе истражувањето додаваат дека доколку сево ова се потврди, црниот бибер би се искачил на прво место како природен препарат во борбата против килограмите.
Објавено во соработка со За Здравје.