Доколку сакате за кратко време да се решите од вишокот килограми, обидете се да го постигнете тоа со овој едноставен и природен напиток, кој е здрав и ефикасен во борбата со маснотиите.
Потребен ви е само магдонос, лимон и чаша вода и за пет дена ќе симнете три килограми.
Магдоносот, кој е нискокалорична намирница, исецкајте го ситно или уште подобро иситнете го во блендер, а лимонот исцедете го и сето тоа прелејте го со вода. Наутро, на празен желудник, испијте го овој сок и така правете во следните пет дена, а потоа направете пауза 10 дена. После ова можете да продолжите со „терапијата“ со истото темпо.
Напитокот помага кај согорување на калориите, го храни телото со витамини и минерали, а магдоносот го подобрува варењето и овозможува брзо да се ослободиме од вишокот течности во организмот, па така да се чувствуваме поубаво и полесно.
Интересно е тоа што ова смути има повеќе витамин Ц од портокалот, а 100 грама содржат дури 4,2 милиграми грозје и 220 милиграми калциум.