Скршените срца на прекувремената работа

AkankashaD-Sep2014-Stressed-Shutterstock[1]

Прекувремената работа во канцеларија го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, докажува една нова студија во САД.

Научниците од Универзитетот во Тексас ги анализираа медицинските досиеја на 1.900 испитаници, од кои 43 отсто имале дијагноза на некои од кардиоваскуларните болести – ангина пекторис, стеснување на коронарните артерии, висок крвен притисок, срцеви напади и удари. Се работи исклучиво за постојано вработени лица кои за потребите на студијата беа следени во текот на период од 10 години.

Студијата покажа дека ризикот од развој на болести на срцето се зголемува со бројот на работни часови. За луѓето кои работат 55 часа неделно, ризикот е за 16% повисок отколку кај оние кои работат во просек 45 часа неделно. Уште поголем ризик -35%, постои кај работниците кои во канцеларии поминуваат повеќе од 60 часа неделно.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

„Студијата ја покажува врската од срцеви заболувања и прекувремената работа“ и сугерира дека се потребни „промени во работниот распоред“ – потег кој „кај милиони луѓе ќе резултира со намален ризик од срцеви заболувања“, вели авторката на студијата – Сејди Конвеј.

Толку.

- Реклама -