Скромниот дом на милијардерот Марк Цукерберг

29-годишниот сопственик на Фејсбук, Марк Цукерберг, заедно со неговата сопруга се пресели пред две години во Калифорнија, каде купи куќа која подоцна ја преуреди по негов вкус.

Домот го чинеше 7 милиони долари, иако првичната цена изнесуваше „само“ 5.9 милиони. Сосема е јасно дека постои нешто екстравагантно во врска со ова живеалиште.

Површината на куќата изнесува 465 метри квадратни, а во неа се наоѓа базен со морска вода, како и високи ѕидови опкружени со природна ограда, односно дрвја кои го опкружуваат целиот двор. Впрочем, овој дом изгледа релативно скромно во споредба со холивудските ѕвезди, но, како што самиот Цукерберг изразил желба, таа го отсликува неговиот карактер.

Bazen-sa-morskom-vodom