Скриените опасности на четиридневната работна недела

employee_wellness-100622532-primary.idge[1]

Во борбата за таленти и што поквалификувани кадри, компаниите користат разни оружја и нудат разни ветувачки придобивки, а во последно време во развиените земји меѓу нив е и таканаречената четиридневна работна недела, која наводно треба да овозможи повеќе време за баланс меѓу работата и приватниот живот. Звучи супер. Кој не би сакал да има 3 дена викенд?

Но според Алард Дембе – професор по јавно здравје на универзитетот во Охајо, четиридневната работна недела крие свои опасности. Вработените често ја прифаќаат идејата за пократка работна недела со отворени раце, главно водени од мислата дека на овој начин се намалува преоптовареноста. Но, проблемот е што намалувањето на работните денови не може да го компензира обемот на работа која вработениот треба да ја заврши. Листата со обврски останува иста, а тоа значи дека вработениот ќе треба да вложи екстра сили за да може да ја заврши истата работа за помалку време, т.е. во еден поголем залак.

Опасноста од подолгите работни денови

Неколкуте децении студии покажуваат дека при подолг работен ден, луѓето се помалку продуктивни. Штом се надмине границата од одреден број часови работа, на телото му е потребно повеќе енергија, и тоа за да сработи помалку. Во оваа смисла, подолгите работни денови се неефикасни.

Сепак, ова е само почеток на проблемите кога зборуваме за подолги работни денови. Дембе посочува дека кога вработениот работи повеќе од 12 часа дневно, постојат и ризици од инциденти. Студија на клиниката во Мајо покажува дека постои и поголем ризик од развој на хронични заболувања, особено за жените.

Крајниот заклучок на д-р Дембе е дека иако четиридневната работна недела звучи идеално, и мислиме дека ќе имаме повеќе време за себе, пријателите и семејството, тоа практично е неостварливо. Кога „намалувате“ пет дена во четири – по 10 часа работа дневно, тоа може да предизвика повеќе проблеми во семејната средина и помалку флексибилност.

Дембе нуди алтернатива. Работодавачите и работниците да се договараат така што работното време да ги задоволува и двете страни. Тоа треба да ја стимулира продуктивноста, а истовремено и да им овозможува на вработените да бидат здрави и среќни. За разлика од фантазијата за ефикасна работна седмица со 4 работни дена, ова предложеново е полесно изводливо, смета професорот.

- Реклама -