Скриени пораки што ги пропуштивме во филмовите и сериите

Често режиесерите успеваат да сокријат некоја тајна, додека нашите очи се вперени во други слики, книги, и појави.

Во овој пост собравме за вас неколку пораки од популарни филмови, цртани филмови и серии, кои не сме ги абележале на прв, па дури ни на втор поглед.

Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег

На ѕидовите на античкиот храм може да се види слика во форма на роботи од “Војна на ѕвездите” R2-D2 и C-3PO.

Симпсонови

Секој лик од “Симпсонови” има 4 прсти, а само Бог има пет.

Боречки клуб

Во поголем дел од сцените на “Боречки клуб” може да се види реклама за кафето Старбакс.

Пеколен портокал

Стенли Кјубрик го користи бројот “2001” во продавница за плочи,  како референца за својот филм “2001: Одисеја”

Breaking Bad

На почетокот на серијата, Волт започнува да произведува мет со Џеси и останува по гаќи, откако ќе ги фрли комбинизоните за „готвење“. Во последната епизода тој се враќа во пустината и додека го турка последното буре со пари,  тие стојат се уште таму. Можете да ги видите во долниот лев агол.

Ѕвездени патеки

Роботот R2-D2 се појавува во филмот “Ѕвездени патеки”.

Трон (1982)

Филмот “Трон” е снимен во студиото на Дизни. Во оваа сцена во позадина може да се види Мики Маус.

Матрикс

Обично во филмовите, броевите на автомобилите се прават незабележливо. Во “Матрикс”, сепак, многу од автомобилите носат броеви кои водат до Библијата. На почетокот  автомобилот на агент Смит носи плоча со бројот  “IS5416″, кој одговара на Исаија 54:16: „Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува сечила за својата работа. Јас сум создател и губител, кој што истребува.

За време на драмата  по автопатот, се појавува и бројот “DA203″, кој одговара на Данаил 2:03: „И царот им рече: Видов сон; и мојот дух не дозволи да го дознаам сонот“.

Футурама

Во ТВ серијата “Футурама” во една сцена, можете да го видите Ерик Картмен  од “South Park” уште еден популарен херој на анимирана серија.

- Реклама -